More

    Украинците нападнаа повеќе области, Русите возвратија

    spot_img

    Русија синоќа лансираше 16 дронови и седум проектили во Одеса, кои нанесоа штета на земјоделски претпријатија и уништија згради, соопшти јужната команда на украинските вооружени сили.

    „Пожарите беа веднаш изгаснати. Никој не е повреден“, додаде командата на „Телеграм“.

    Според украинските сили, проектилите биле насочени кон регионите Харков, Доњецк и Чернихив.

    Истовремено, локалниот функционер Владимир Рогов назначен од Русија изјави дека два украински дрона нападнале избирачко место во делот на украинската област Запорожје, кој е под руска контрола. Во нападот се запали зградата, но нема жртви, додаде тој на „Телеграм“.

    Руските сили додадоа дека собориле 12 украински ракети над регионот на Белгород.

    Украина синоќа лансираше вкупно 35 дронови против руски региони. Од нив руските воздухопловни сили собориле четири над Московската област, три над Белгородската област, два над Калушката област, еден над Орилската област, еден над Ростовската област, четири над Јарославската област, три над Курската област и 17 во Краснодар.

    Руските медиуми претходно во текот на ноќта објавија дека украински беспилотни летала нападнале рафинерија за нафта во Краснодарската територија, предизвикувајќи пожар и убивајќи еден работник.

     

     

    – Пожарот во реонот на нафтената рафинерија во Славјанск е целосно изгаснат. Едно лице починало за време на нападот, а веројатна причина е срцев удар – соопштија локалните власти во блискиот Краснодар.

    Во саботата, по напад со дрон, беше опожарена рафинеријата во Самара, на околу илјада километри од украинската граница.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img