More

    Украинците ги чекаат смртоносните ЈДАМ-ЕР

    spot_img

    Украинските сили од САД треба да добијат нови попрецизни и посмртоносни ракети од сегашните, по име ЈДАМ-ЕР кои користат џи-пи-ес, а можат да направат пресврт во војната. Ако бидат доставени најновите модели од овие ракети, со нив Украинците ќе можат да погодуваат мети и до 80 километри внатре во руската територија. Се чека на ветената американска помош која вкупно треба да изнесува 1,9 милијарди долари во новиот пакет.

    Според генералот на американските воздухопловни сили за Европа, Џејмс Хакер, „некои прецизни муниции со продолжен дострел и прецизно водство“ неодамна биле набавени, пренесува ВорЗоун.

    Што е толку посебно кај ЈДАМ-ЕР-от и зошто сите велат дека тие имаат долг дострел? Нивната основна серија ги нема тие карактеристики, односно има дострел од само 72 километри од местото каде ракетата е исфрлена. Но, ако тие бидат испорачани со крилјата, кои се отвораат за време на исфрлањето, тогаш проектилот има три пати поголем дострел и ќе влезе внатре во руската територија.

    Истовремено, ракетата ќе може да носи глава со експлозив тежок до 900 килограми, што е десетпати повеќе од сегашните ракети М31 кои Украинците ги исфрлаат од антиракетниот систем ХИМАРС и од своите борбени авиони. Тоа ќе ја зголеми разорната моќ на украинските сили, односно ќе можат полесно да се гранатираат позиции на Русите кои се добро утврдени со ѕидови или друга фортификација.

    Ракетата освен преку џи-пи-ес бидува насочена преку системот ИНС – Инертен навигациски систем, а резултатот од ова е дека дури и кога џи-пи-ес сигналот е нејасен, таа обично ќе стигне на точната локација. Предност е и што по исфрлањето авионот може веднаш да сврти без да следи дали ракетата ќе стигне онаму кај што била пуштена. Тоа значи дека украинските Миг-29, Су-27 и Су-24 помалку ќе бидат видливи на радарот за да бидат соборени.

    Овие проектили ги користи американската авијација, но и морнарица. Ги произведува Боинг, а во јануари компанијата потпишала договор, но не се знае за колкав број проектили.

    Има уште нешто. Бидејќи проектилот работи со електронски сигнал, на Украинците ќе им посебни кули кои ќе го пренесуваат сигналот за исфрлање од авионот до проектилот. Вакви кули, според извештаите, Украинците веќе добиле од Американците уште минатата пролет.

    Ракетите се дел од пакетот воена помош од 1,9 милијарди кој неодамна беше ветен од САД.

    Прашањето останува – дали проектилите навистина ќе бидат испорачани со крилја за да го направат потребниот пресврт? Па според, нивното име ЈДАМ-ЕР,  „Joint Direct Attack Munintion – Extended Range“, тие се именувани како оружје со долг дострел.

    Киев долго време бараше проектили со долг дострел од своите сојузници. Русите од друга страна, често користат ракети со долг дострел испукани од нивните авиони бомбардери Ту-95 и Ту-160.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img