Украинските војници на линијата на фронтот ќе добиваат дополнителни 2.700 долари месечно

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинските војници ќе добиваат дополнителни 10.000 гривни (2.710 долари) месечно за нивната служба на линијата на фронтот во битката против руските војници, соопшти вчера украинската армија, јави ДПА. Со ова соопштение се става крај на шпекулациите за плати и надоместоци, забележува агенцијата.

„Војникот кој ѝ служи на својата земја и ја брани од агресорот, го става на ризик сопствениот живот и здравје и работи во исклучително тешки услови, мора да биде високо мотивиран“, се вели во соопштението на Генералштабот на Украина.

Бонусот од 100.000 гривни е наменет само за „бранителите на првата линија“, се вели во соопштението. Војниците кои се стационирани во борбената зона, но не учествуваат директно во битките, како и војниците од воздушната одбрана, ќе добијат 30.000 гривни. Што се однесува до војниците стационирани во задниот дел, тие нема да добиваат надоместоци за војници од првата линија, посочува ДПА.

Основната плата на сите војници е зголемена на речиси 20.000 гривни од почетокот на февруари.

Share This Article