Украинските власти соопштија дека на територијата на нивната земја се погодени цели со употреба на проектили, испалени од Белорусија.
Украинските информации се поткрепени со извори од Белорусија.
– Во период од еден час, согласно информациите од белоруски извори, од Белорусија се лансирани 20 проектили. За сега имаме потврда дека девет од нив погодиле цели во реоните Хончарив и Черних – објавија од украинската војска.
Во извештајот на војската се вели и дека засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.