Безбедносните претставници во отцепениот молдавски регион Придњестровје тврдат дека спречиле „терористички напад“ насочен кон истакнати личности, кој наводно бил планиран од соседна Украина. Осомничените се испрашуваат, соопшти во четвртокот Министерството за државна безбедност (МГБ) во регионот.
РИА Новости цитира извор кој вели дека виновниците сакале да наместат возило со експлозив и да ја бомбардираат колоната на претседателот на Придњестровје, Вадим Красноселски.
Анатолиј Гурецки, главниот обвинител на Придњестровје, беше цитиран од медиумите дека бил планиран напад во главниот град Тираспол.
Локалните медиуми објавија видео од, како што изгледа, испрашувањето на осомничениот опишан како човек по име Вјачеслав Кисничан. Се шпекулира дека тој е роден во Тираспол, а дека пред две децении се преселил во Украина. Медиумите тврдеа дека Кисничан на крајот почнал да работи за Службата за безбедност на Украина (СБУ) и дека бил обучен од нејзини агенти.
Приднестровје ги направи првите чекори за отцепување од Молдавија за време на распадот на Советскиот Сојуз. Русите и Украинците, кои сочинуваат 60 отсто од населението во регионот, се спротивставија на обидите на Молдавија да се обедини со Романија. Во 1992 година, молдавските власти неуспешно се обидоа да го вратат Придњестровје на сила, по што регионот де факто остана независен од Кишињев.
Околу 400 руски мировници сè уште се во Придњестровје. Тие се обврзани да го почитуваат прекинот на огнот меѓу молдавските и локалните сили. Од советско време во регионот остана и една руска воена база.