More

    Украинските функционери добија забрана за одмор во странство

    spot_img

    Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и на нивните сопруги, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери.

    Веднаш по почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Украина им забрани на мажите на возраст  18-60 да патуваат во странство, освен во ретки исклучоци за кои е потребна дозвола од претпоставените на државните службеници.

    – Со новата одлука, високи функционери ќе можат да одат на одмор во странство само доколку се во посета на своите деца или во случај на лекување или смрт на некој близок – рече Демченко.

    Одлуката е донесена откако медиумите објавија дека помошникот државен обвинител неодамна заминал на одмор во Шпанија. Алексеј Симоненко беше сменет од функцијата на 25 јануари, како дел од серијата отпуштања што ги започна претседателот Володимир Зеленски по случаите на корупција кои вклучуваат воени материјали.

    На 26 јануари, членот на претседателската партија Микола Тиченко беше исклучен од пратеничката група на претседателската партија по патувањето во Тајланд.

    Минатата недела медиумите ја обвинија поранешната премиерка Јулија Тимошенко дека го поминала својот одмор во луксузна вила во Обединетите Арапски Емирати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img