More

    Украинскиот претседател си замина пред говорот на Лавров

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска зборуваше во Советот за безбедност на ОН, лице в лице со претставник на Русија која е постојаната членка на Советот.

    Зеленски ја напушти салата на Советот за безбедност по неговиот говор и не остана за да го слушне излагањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    – Украина го користи своето право на самоодбрана. Помош на Украина со оружје, со воведување санкции и примена на сеопфатен притисок врз агресорот, како и со гласање за релевантните резолуции, би значело помагање во заштитата на Повелбата на ОН – рече Зеленски во својот говор.

    Украинскиот претседател го почна своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН велејќи дека поминале 574 дена „болка, загуба и борба“ од руската инвазија на неговата земја. Русија уби најмалку десетици илјади Украинци и претвори милиони во бегалци, истакна тој.

    Според него, „поголемиот дел од светот“ признава дека акциите на Русија во Украина се „криминални и неиспровоцирани“ и имаат за цел заземање украинска територија и ресурси.

    Тој рече дека е благодарен на сите земји кои ја признаа руската агресија како кршење на повелбата на ОН, но дека тоа „не промени ништо“ за Русија во ОН. Тој смета дека ОН се нашле „во ќорсокак по прашањето на агресијата“.

    – Човештвото повеќе не ги полага своите надежи во ОН кога станува збор за одбрана на суверените граници на нациите – рече Зеленски.

    Тој нагласи дека местото во Советот за безбедност, кое Русија го зазема незаконски, го зазеле „лажговците чија работа е да ја прикријат агресијата и геноцидот“ што Русија ги изврши во Украина.

    Зеленски посочи дека сегашниот систем на ОН имплицира дека другите членки на ОН се помалку влијателни поради правото на вето на Русија.

    – Деновиве на Генералното собрание премногу често слушаме за глобална нееднаквост. Нееднаквоста ја споменуваат различни нации, и големи и мали. Токму таа нееднаквост ги прави ОН неефикасни. Знам дека ОН се способни за повеќе. Убеден сум дека Повелбата на ОН всушност може да функционира со цел мир и безбедност на глобално ниво. Меѓутоа, за да се случи ова, повеќегодишните дискусии и проекти за реформите на ОН мора да се претворат во одржлив процес на реформи на ОН – рече украинскиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img