More

    Украински министер му порача на папата дека нема предавање!

    spot_img

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека Киев никогаш нема да капитулира, одговарајќи му на папата Франциск, кој на интервјуто за швајцарската телевизија РТС рече дека Украина мора да има „храброст за бело знаме“ и да преговара за крај на војната со Русија.

    Кулеба му порача на Ватикан да посвети посебно внимание на својата улога во Втората светска војна и дека силна личност во секој спор стои на страната на доброто, не се обидува да ги стави нештата на иста основа и да го нарече тоа „преговори“.

    „Нашето знаме е жолто и сино. Со ова знаме живееме, умираме и победуваме. Никогаш нема да подигнеме друго знаме“, напиша Кулеба на англиски јазик, мислејќи на националното знаме на Украина.

    Тој укажа и на наводите дека папата Пие XII не направил ништо против нацистичката тиранија во Втората светска војна.

    „Го повикувам Ватикан да избегне повторување на грешките од минатото и да ги поддржи Украина и нејзиниот народ во нивната праведна борба за нивните животи“, додаде украинскиот министер.

    Од друга страна, пак, од Ватикан пристигна објаснување дека папата всушност не повикал на предавање, туку на прекин на огнот.

    – Папата Франциск не ја повикува Украина да се предаде, туку повикува на прекин на огнот и на храброст во преговорите. Папата го користи терминот „бело знаме“  и одговара на впечатокот предложен од новинарот за да укаже на прекин на непријателствата и примирје постигнато преку храбри преговори – вчера изјави директорот на канцеларијата за печат на Ватикан Матео Бруни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img