More

    Украински беспилотни летала нападнаа складиште за гориво во јужна Русија

    spot_img

    И покрај тешката ситуација на фронтот кај Харков, Украина продолжува со воздушните напади на руска територија. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, ноќе пресретнало и уништило 17 украински беспилотни летала и десет проектили атамс. Два дрона предизвикаа експлозија во складиште за гориво во јужниот дел на Ростовската област.

    Руската воздушна одбрана пресретнала и уништила 17 украински беспилотни летала и десет проектили атамс ноќе над своја територија, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва. Два беспилотни летала предизвикаа експлозија во складиште за гориво во јужниот регион Ростов, објасни на Телеграм регионалниот гувернер Василиј Голубев.

    „Во текот на ноќта беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади (…) врз цели на руска територија“, соопшти руското Министерство за одбрана. Се додава дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 17 украински беспилотни летала во неколку региони долж границата со Украина и десет проектили атамс над анектираниот полуостров Крим.

    Во меѓувреме, Голубев на Телеграм објави дека два беспилотни летала предизвикале експлозија во складиште за гориво во Ростовската област на југот на земјата, каде што се наоѓа и седиштето на руската армија за операции во Украина. Според него, нема жртви, а не избувнал пожар во областа, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Украина, која деновиве е под притисок поради руската копнена офанзива во источниот регион Харков, во последните месеци ги засили нападите врз цели на руска територија, особено врз капацитетите за производство и снабдување со енергија на руската војска. Во неделата, наводно, извршила ракетен напад врз регионот Белгород, кој однесе 15 животи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img