Украинската пејачка Руслана Лижичко со новата објава на Инстаграм испрати апел до милијардерот Илон Маск

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинската пејачка Руслана Лижичко со новата објава на Инстаграм испрати апел до милијардерот Илон Маск.

„Те предизвикувам, Илон! Ајде да ја искористиме твојата технологија за Марс овде на Земјата за да ја спасиме Украина и светот! Стани наш спасител“, порачала Руслана во видеото во кое стои пред украинското знаме.

„Би било добро кога ова би се случило“, пораќале следбениците на пејачката во коментарите под видеото.

 

 

Руслана во моментот е на Карпатите, каде што организира волонтерска работа, вклучително и подготовка на храна за луѓето. Пејачката редовно објавува видеа на Инстаграм кои привлекуваат внимание на настаните во Украина.

Таа неодамна објави драматична порака.

„Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Не разбирам зошто руската и белоруската армија нѐ напаѓаат? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде доцна. Дали сакате Чернобил 2?“, напиша Руслана.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article