Украинската армија соопшти дека ја започнала својата голема контраофанзива против руските војници кои окупираа делови од јужниот украински регион Херсон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинската армија соопшти дека ја започнала својата голема контраофанзива против руските војници кои окупираа делови од јужниот украински регион Херсон, пренесува ДПА. Вчера, украинскиот вицепремиер, Олег Резников рече дека земјата собира „милиoнса војска“. Многу медиуми пишуваат дека ова може да биде најголемата битка во војната.

Истовремено, Украинците тврдат дека уште еден руски генерал загинал во последниот ракетен напад. Генерал-мајор Артем Насбулин наводно бил убиен во нападот на Херсон, пишува Дејли Мејл.

Најмалку 12 лица ранети во Миколаев

Најмалку 12 лица се ранети во руското гранатирање на украинскиот град Миколаев на југот на Украина, соопшти денеска шефот на регионалната воена администрација Виталиј Ким. Како што рече тој, ракети биле фрлани од повеќе ракетни фрлачи погодиле две медицински установи и станбени згради, пренесе Ројтерс.

Русија е терористичка држава

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави серија слики на Телеграм со пркосна порака во која Русија е означена како „терористичка држава“.

„Рускиот терор одамна ја премина границата што на многумина во цивилизираниот свет им стави до знаење дека е прашање на глобална безбедност да се казни Русија, терористичка држава, за сѐ што направи против Украина и меѓународниот поредок“, напиша тој.

150 луѓе пристигнаа во Лавов со возови 

Гувернерот на Лавов, Максим Козицки изјави дека вчера околу 150 луѓе пристигнале во неговиот регион со возови за евакуација, а во текот на ноќта се огласила сирена за воздушен напад.

Тој истакна дека полицијата во Лавов вчера ја евакуирала главната железничка станица по дојавите дека таму има експлозив, но ништо не е пронајдено.

Се разгледуваат жалбите за осудените на смрт во ЛНР

Одлуката за жалбите на странските државјани, кои беа осудени на смрт од судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), во украинскиот регион Донбас, ќе биде донесена до крајот на јули, изјави министерот за правда на ДНР, Јуриј Сироватком пренесе агенцијата Интерфакс.

– Во овој случај се разгледува жалба за тројца странски државјани, мислам дека судот ќе донесе пресуда до крајот на месецот – изјави Сироватко за телевизискиот канал „Русија 24“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article