Украински пар се венчале среде војна во метрото во Харков, а својот брак решиле да го прослават во воена средина, опкружена со урнатини во овој град.
Настја Грачева и Антон Соколов беа фотографирани, непосредно по венчавката, како позираа меѓу урнатините на трговски и деловен комплекс во вториот по големина град во Украина.
На фотографијата објавена на Твитер се гледа како парот позира меѓу урнатините, а описот објаснува како изгледа свадба во градот под постојано гранатирање: „Фото зона во позадина на уништена зграда и бомбардиран центар на градот, церемонија во подземна железница. Ова е силна порака до светот – Харков се противи и живее“, велат тие.
И двајцата биле медицински работници пред почетокот на војната, а сега волонтираат и обезбедуваат бесплатна медицинска нега на оние на кои им е потребна. Настја работела како медицинска сестра во онколошка болница, а Антон како фармацевт пред руската инвазија на Украина, пренесува Индекс.
Се вели дека кога останале без медицински материјали, почнале да собираат пари и да купуваат лекови за жителите на градот на кои им било потребно лекување. Харков сè уште го чека повлекувањето на руските сили, но тоа не ги спречи Настија и Антон да го прослават својот најсреќен ден.