Украинецот останува без македонско државјанство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Согласно членот 14 од Законот за државјанство, Владата денеска побара да започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Олександер Онишченко, информира владината прес-служба.

„Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот“, се додава во соопштението.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа” на САД поради неговите врски со руските власти, доби македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлуката за доделување македонско државјанство на Онишченко ја донесе Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

Според претходните најави, денеска на затворена владина седница за случајот со доделувањето на македонско државјанство на Онишченко, извештај требаше да поднесе директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека мора да се утврди одговорност за случајот. Тој потсети дека државјанството било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции.

Според Ковачевски, одговорност за случајот мора да има и оти тоа е работа на анализата, односно истрагата која што веќе и се спроведува. Во АНБ, според медиумите, се суспендирани двајца службеници поради пропуст во проверката на Онишченко.

Share This Article