Украина во обид да го врати симболот на украинскиот отпор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинската војска соопшти дека ги бомбардирала руските позиции на Змискиот остров во Црното Море, симбол на украинскиот отпор од почетокот на инвазијата на руските сили на 24 февруари.

„Нашите сили ги нападнаа непријателските позиции на Змискиот остров“, објави јужната команда на украинската армија на Фејсбук, тврдејќи дека погодиле „контролен пункт“ и го уништиле противвоздушниот систем. „Загубите на Русија се утврдуваат“, се додава во објавата.

Русија не потврди напад на островот што го окупираше веднаш по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.

Тоа островче во Црното Море стана симбол во Украина откако радио комуникацијата со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи во која, на барањето да се предадат, украинските граничари му кажаа на рускиот ракетен крстосувач Москва на првиот ден од конфликтот: „Оди по ѓаволите, руски воен броду!“.

Набргу по тој разговор, бродот го ракетираше островот, а украинските војници беа заробени. Тие подоцна беа ослободени во замена за затвореници, според Киев.

Снимката од тој разговор беше лајтмотив на украинскиот отпор, а пцовките на граничарите се појавија дури и на транспарентите на протестите за поддршка во странство и на украинските поштенски марки.

Крстосувачот Москва, предводник на руската Црноморска флота, беше потопен во средината на април, откако беше погоден од украински ракети, тврди Киев. Москва, пак, соопшти дека тој бил оштетен во експлозијата што се случи на бродот.

Share This Article