Украина тврди дека го убила заповедникот на руската црноморска флота во ракетниот напад на нејзиното седиште во Севастопол, изведен во петокот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украина тврди дека го убила заповедникот на руската црноморска флота во ракетниот напад на нејзиното седиште во Севастопол, изведен во петокот. Украинските сили за специјални операции соопштија дека адмиралот Виктор Соколов загинал со уште 33-ца руски офицери во еден од најхрабрите украински напади од почетокот на војната.

„Откако го погодивме седиштето на руската црноморска флота, 34 офицери беа убиени, вклучувајќи го заповедникот на флотата“, објавија Украинците денеска, додавајќи дека во нападот се ранети повеќе од 100 руски војници.

Овие тврдења не можат независно да се проверат, објавија светските медиуми.

Русија веднаш го призна нападот, но кажа дека само еден војник се води како исчезнат. Таа смета дека нападот бил извршен со проектили со долг дострел „сторм шедоу“, што Украина ги има добиено од Велика Британија и Франција.

Институтот за проучување војна соопшти дека сателитските снимки потврдуваат дека во нападот бил погоден 74. комуникациски центар на командата на црноморската флота. Украина претходно кажа дека моментот на нападот не бил избран случајно, туку во тоа време заповедниците на флотата имале состанок.

 

Share This Article