More

    Украина: Руската армија ја напушти нуклеарната централа Запорожје

    spot_img

    Руските сили почнаа да ја напуштаат нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинското Министерство за одбрана.

    Да потсетиме, Русија го окупираше објектот во март минатата година, а Украина неодамна излезе со информација дека руските сили планираат да извршат терористички напад во електраната и соодветно на тоа одржаа вежби за подготовка за нуклеарна катастрофа.

    „Според последните податоци, окупацискиот контингент постепено ја напушта територијата на нуклеарната централа. Тројца вработени во Росатом беа меѓу првите кои ја напуштија фабриката“, соопшти Министерството на Телеграм, а пренесе Скај њуз.

    „И на украинските вработени кои го потпишаа договорот со Росатом им беше препорачано да се евакуираат. Им беше наложено да ја напуштат електраната до 5 јули“, пишува Министерството, додавајќи дека постепено се намалува и бројот на воени патроли околу нуклеарната централа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img