Украина денеска објави дека минатата недела од руските сили повторно зазела територија од седум квадратни километри околу уништениот град Бахмут на истокот на земјата.
„Во текот на изминатата недела, како резултат на подобреното оперативно (тактичко) позиционирање на линијата на фронтот кон Бахмут, беше ослободена територија од седум квадратни километри“, се вели во изјавата на украинската заменик-министерка за одбрана Гана Малиар на Телеграм.
Бахмут падна под руска контрола во мај по неколку месеци конфликт.