More

    Украина очекува добар род на житните култури, најмногу извоз оди во Кина

    spot_img

    Украинското здружение на трговци со жито (УГА) ја зголеми проценката за годинешниот род на жита и маслодајни култури за повеќе од 10%, истакнувајќи ги како фактор поволните временски услови и добрите приноси.

    Проценката беше зголемена за речиси 8 милиони метрички тони, на сегашните 76,8 милиони метрички тони.

    Според соопштението на УГА, родот на пченка е проценет на 26,9 милиони тони, родот на пченицата на 20,2 милиони тони, а на јачменот на 5,2 милиони тони.

    Украина би требало да произведе и 13,9 милиони тони сончоглед, 3,9 милиони тони маслодајна репка и 4,8 милиони тони соја, пресметаа тие.

    – Проценката на годинешната реколта е подигната поради поволните временски услови и приносите кои ги надминаа очекувањата, а засеаната површина беше за 2,2 милиони хектари помалку од лани – објаснуваат од УГА.

    Во сезоната 2023/2024 која завршува во јуни следнаат година, се очекува Украина да извезе 48 милиони тони житарки и маслодајни семиња, во споредба со 58 милиони тони во штотуку завршената сезона 2022/2023.

    Извозот на пченица во сезоната 2023/2024 би требало да се намали на 15 милиони тони, од 16,8 милиони тони во сезоната 2022/2023. Извозот на пченка треба да се намали од 29,5 милиони на 22 милиони тони, проценуваат тие.

    УГА нагласува дека генерално, може да се очекува извозот на житарици и маслодајни култури во новата сезона 2023/2024 година, да се задржи на наведеното ниво, зависно од тоа дали Украина ќе може да извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, како и дали логистиката на алтернативните рути, вклучително и Дунав, ќе биде подобрена и поевтина.

    Во средината на јули Русија се повлече од договорот за безбеден извоз преку Црното Море, посочувајќи дека не се почитуваат одредбите за олеснување на санкциите против Москва за да се дозволи извоз на руски житарки и ѓубрива. Тие се пожалија и дека во сиромашните земји не стигнало доволно жито.

    Договорот е постигнат со посредство на Турција и Обединетите нации, кои во јули известија дека од почетокот на август минатата година до 10 јули годинава, од три украински пристаништа на Црното Море биле извезени 32 милиони тони жито во 45 земји на три континенти.

    Најмногу жито било извезено во Кина, речиси 8 милиони тони. Следат Шпанија и Турција со шест, односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници беа и Италија со 2,1 и Холандија, со 2 милиони тони жито.

    Пченицата сочинуваше околу една четвртина од извозот, а пченката половина, објавија ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img