More

    Украина нападна руски нафтен капацитет. „Користевме ракети Нептун“

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана на апликацијата за пораки Телеграм објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана рано утринава уништиле пет проектили и 29 беспилотни летала лансирани од Украина кон цел во Краснодар.

    Гувернерот на Краснодар, Вениамин Кондратиев, на Телеграм изјави дека остатоците од падот на дрон предизвикале пожар во складиште за нафта во областа Темрјук, при што биле оштетени неколку резервоари полни со гориво. „Пожарот во меѓувреме е изгаснат“, рече тој.

    Две лица се здобиле со полесни повреди како резултат на нападот на магацинот, изјави на Телеграм началникот на областа Темрјук во Краснодарскиот крај. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили во текот на ноќта собориле и едно беспилотно летало над регионите Воронеж, Белгород и Тамбов.

    Украинската морнарица со ракети Нептун погоди складиште за нафта во рускиот регион Краснодар, потврди украинскиот Генералштаб. Киев рече дека таргетирањето на руската енергетска, воена и транспортна инфраструктура ги поткопува севкупните воени напори на Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img