Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето на Киев за протерување на руските сили од најголемата украинска нуклеарна централа Запорожје.
Шефот на инспекторатот, Олег Кориков, го критикуваше генералниот директор на МААЕ, Рагаел Гроси, кој на почетокот на неделава на Светскиот економски форум во Давос изјави дека во Запорожје се пронајдени големи резерви на плутониум и збогатен ураниум кои може да се користат за производство на нуклеарно оружје.
„Многу е тажно кога висок функционер на МААЕ објавува дебели лаги за руска пропаганда“, рече Кориков, кој исто така се пожали дека МААЕ не одговорила на барањата на Украина да направи повеќе за борба против рускиот нуклеарен тероризам.
Непосредно пред инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украина го користи знаењето од советската ера за да направи сопствено нуклеарно оружје.