More

    Украина кажа кој е условот за да прекинат нападите во Курск

    spot_img

    Украина не е заинтересирана да ја „окупира територијата“ на Русија во областа Курск, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина. Според министерството, офанзивата во регионот Курск ќе престане кога Русија ќе се согласи на мир, пренесе Би-Би-Си.

    – Колку побрзо Русија се согласи да воспостави праведен мир, толку побрзо ќе престанат украинските напади на руска територија. Сè додека Путин ја продолжи војната, тој ќе добива одговори од Украина – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Георгиј Тихи.

    Украинските операции во регионот, посочи тој, помагаат на линијата на фронтот, бидејќи ја спречуваат Русија да премести дополнителни единици во Доњецк, украински регион под руска контрола.

    Советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, претходно изјави, коментирајќи го нападот на украинските сили врз Курската област во Русија, дека има само два начини да се стави крај на војната и Русија „да разбере кои се правилата на војната“.

    Подољак на Телеграм напиша дека првиот начин е уништување на воената инфраструктура со копнени операции, додавајќи дека токму тоа може да го направи Украина и што е потребно за задолжителна заштита на украинското население во пограничните области.

    Според него, вториот начин е да се извршат удари длабоко во Русија, но за тоа се потребни многу проектили и укинување на неформалните забрани за употреба на тие ракети за удари на територијата на Руската Федерација.

    – Ова е војна без правила за војување. Русија ги користи своите територии за распоредување артилерија, повеќецевни ракетни фрлачи, мали воздушни бази, балистички фрлачи за големи напади врз цивилното население на друга земја – рече Подољак.

    Тој додаде дека истовремено руските власти се убедени дека нивната територија е неприкосновена, но дека нападот на Украина врз областа Курск покажува дека тоа не е вистина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img