Украина изгуби половина од териториите во Курск

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски размислува за божикна офанзива, додека генералите се против поради ситуацијата во Покровск, тврдат руски медиуми кои се повикуваат на објава на украинскиот канал на Телеграм „Легитимни“, пишува „Оружје-онлајн“.

Во објавата се тврди дека за ова било разговарано на состанок на Генералштабот на вооружените сили на земјата.

„Во штабот се разговараше за офанзивата. Многумина предложија нејзино одложување. Наместо тоа, Зеленски упорно се залагаше за потребата од напредување, дури и по цена на губење на Покровск и другите големи градови на линијата на фронтот. Се разговараше и за прашањето за мобилизација, која ќе се спроведе. Бидете подготвени!“, напиша еден корисник на Телеграм.
Претходно, украинскиот лидер Володимир Зеленски го отфрли предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за божикно примирје, додека од Кремљ рекле дека вреди да се размисли за иницијативата.

Русите се пред портите на клучниот Покровск, градот кој им отвора стратешка предност во Доњецк. Истовремено, руските сили продолжуваат да ги потиснуваат украинските сили од пограничната област Курск, каде што, според „Економист“, украинската армија изгубила контрола над повеќе од 50% од окупираните територии.

Во меѓувреме не се знае во кој правец Киев ќе се обиде да ја пробие руската одбрана. Според руски извори, постојат четири најверојатни опции: Белгород, Брајанск, Курск и Запорожје.

Share This Article