More

    Украина го загуби пристапот до Азовското Море

    spot_img

    Украинското Министерство за одбрана објави дека „привремено“ го загубило пристапот до Азовското Море бидејќи руските сили напаѓаат го зголемиле притисокот околу главното пристаниште Мариупол.

    „Окупаторите делумно успеаја во оперативната област Доњецк, привремено лишувајќи ја Украина од пристапот до Азовското Море“, се вели во соопштението на украинското Министерство за одбрана, без да прецизира дали украинските сили го вратиле пристапот до морето.

    Русија во петокот соопшти дека нејзините сили го „затегнуваат обрачот“ околу Мариупол, каде се проценува дека се оштетени 80 отсто од зградите и куќите, а постои сомневање дека околу 1.000 луѓе се уште се заробени во импровизирани засолништа под уништениот театар.

    Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е цел од почетокот на војната на 24 февруари, кога рускиот претседател Владимир Путин започна, како што рече, „специјална воена операција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img