More

    Украина ги призна руските освојувања во Лисичанск

    spot_img

    Руските сили се консолидираат во источниот украински град Лисичанск, објавија во неделата украински извори, кои не открија дали во тој град има уште украински војници, пренесува германската новинска агенција dpa.

    „Во Доњецката област окупаторите се концентрираат на консолидирање на своите позиции во градовите Лисичанск и Верхњокамјанка“, објави во неделата украинскиот Генералштаб.

    Украинскиот воен администратор на областа Луганск, Серхи Хајдај, на својот канал Телеграм потврди дека руските сили се „зацврстиле во областа Лисичанск“.

    Не е јасно дали украинските единици се уште се во градот.

    Во саботата, проруските сепаратисти најавија заземање на Лисичанск, на што Киев одговори дека стратешки важниот град сè уште е под негова контрола.

    Лисичанск беше последниот голем град под украинска контрола во областа Луганск по падот на Северодонецк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img