Францускиот претседател Емануел Макрон денеска одвоено разговараше со своите колеги од Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски.
Решението за Украина е можно само ако се земат предвид интересите на Русија, му рекол Путин на Макрон.
Рускиот претседател ги постави условите за завршување на војната, а тоа се: демилитаризација и денацификација на Украина, нејзиниот неутрален статус и признавање на рускиот Крим од Киев.
Од друга страна, украинската делегација која учествува во преговорите бара повлекување на сите руски војници, вклучително и оние од Крим и Донбас, изјави советникот на шефот на претседателскиот кабинет Арестович.
Инаку, преговорите меѓу Русија и Украина започнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи.