Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина.
На страницата 200rf.com може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена.
На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со нивните имиња и места и градови од кои доаѓаат.
– Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопрузи – изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
Киев тврди дека за четири дена украинската армија убила повеќе од 4.300 руски војници и заробила над 200.