Вонредната состојба е укината на целиот остров Родос, соопштија од Министерството за туризам на Грција и Грчката национална туристичка организација, како што соопшти Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА).
Како што се наведува во соопштението, животот на Родос се враќа во сосема нормален режим, вклучително и регионите кои беа зафатени од пожарот.
„Жителите на Родос, кои херојски се справија со тешкотиите во овие тешки денови, со нетрпение очекуваат да продолжат со посебна грижа за давање услуги и нивното неповторливо гостопримство на странските туристи“, се наведува во соопштението.