Укинат е летот од Скопје до островот Крф, кој требаше да го реализира грчкиот авиопревозник „Еџиан ерлајнс“ од 1 јуни, а се намалуваат и летовите Скопје – Атина.
Летовите од Скопје за Крф требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а Скопје – Атина да се одвива во среда и недела наутро.
Авиопревозникот ја запре продажбата на билети за планираната нова линија, а во ревидираниот распоред на „Ејџијан“ летовите планирани за Крф целосно се укинати, а во деновите вторник и сабота нема да има и летови од Атина за Скопје.
Сообраќајот меѓу двата главни града ќе биде намален на 5 лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.