УЈП им исплати 707.246.087 денари на граѓаните во рамки на мерката  МојДДВ, за второто тримесечје од оваа година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата за јавни приходи им исплати 707.246.087 денари на граѓаните во рамки на мерката  МојДДВ, за второто тримесечје од оваа година, информира Управата.

Оттаму информираат дека во наредните денови ќе се врши исплата кај оние корисници на апликацијата кои направиле промени во својата трансакциска сметка.

-Во ова второ тримесечје 13 402 граѓани се нови корисници на апликација МојДДВ. Согласно анализите на Управата за јавни приходи над 530.000 граѓани  во месеците април, мај и јуни  скенирале 86,9 милиони  фискални сметки со  искажан промет од 54,2 милијарди  денари – информира УЈП.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ да внесат точни податоци за да може да им се реализира навремена исплата.

-Најчести причини поради кои не се врши исплатата се: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка, сметка која е веќе згасната или воопшто не е внесена- влат од УЈП.

Проектот МоЈДДВ кој Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година, успешно се реализира и успешно ги остварува двете главни цели: враќање назад пари кај граѓаните, и сузбивање на сивата економија.

За 5 години, според податоците на УЈП, државата на граѓаните им вратила 7,3 милијарди денари ДДВ.

Од 1 јануари 2023 година  е зголемен лимитот за највисокиот износ на враќање на дел од ДДВ изразен во фискалните сметки за едно тримечје по корисник од 1800 денари на  2100 денари.

Share This Article