More

    Уфолог ги изненади присутните со своето сведоштво

    spot_img

    Потрагата по вонземјани во САД станува сериозна работа, барем кога се работи за последните сведочења во американскиот Конгрес и отворањето на архивите на тајните службите. Сега целата работа се шири и во Мексико.

    Откако тројца припадници на војската во САД сведочеа за нивните наводни средби со НЛО, мексикански новинар и познат уфолог направи нешто незамисливо пред конгресот во Мексио. Хозе Хаиме Маусан доведе две, според него, вонземски мумии во ковчези на рочиштето, за кои тврдеше дека во 2017 година биле најдени во градот Куско во Перу!

    Овие трупови, за кои Хозе Хаиме Маусан вели дека се стари илјадници години премногу личат на лоши копии на вонземјанинот Е.Т. од научнофантастичните филмови.

    – Овие примероци не се дел од нашата овоземна еволуција и тие се пронајдени закопани во рудници за дијатомеј – рече тој пред собраните членови на мексиканската влада и американските претставници, прецизирајќи дека телата ги проучувале научници од Автономниот национален универзитет на Мексико, пренесува Индепендент.

    Јавната расправа во Мексиканскиот конгрес собра многу интересни луѓе од Перу, Јапонија, Франција, Мексико и Соединетите Американски Држави, а присуствуваше и Рајан Грејвс , поранешен пилот на американската морнарица и актуелен извршен директор на организацијата „Американци за безбедно Aerospace“, чија цел е собирање информации од луѓе кои наводно биле сведоци на НЛО.

    Во еден момент, Маусан покажа и неколку интересни снимки, меѓу кои и една за која изјави дека е направена во март 2004 година, кога припадниците на мексиканските воздухопловни сили забележале 11 непознати летечки објекти.

    – Тоа видео беше првото во тоа време објавено од воздухопловните сили на една земја. Ми го препрати министерот за одбрана Рикардо Клементе Вега Гарсија. Соочени сме со проблем кој треба да не обединува, а не да нѐ дели – рече Маусан.

    Интересно е што на сослушувањето присуствуваше и астрофизичарот Абрахам Ави Лоеб, кој тврди дека е на трага на вонземски „предмет“ кој го нашол проучувајќи остатоци од тело кое паднал на Земјата. Лоеб тврди дека 700 ситни метални топчиња кои беа најдени на дното на Тихиот Океан едноставно не можат да бидат остаток од метеор, туку интелигентна направа од летало на некоја цивилизација која нѐ посетила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img