УЕФА објави дека ќе отвори дисциплинска постапка против Фенербахчe

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

УЕФА објави дека ќе отвори дисциплинска постапка против Фенербахче, откако група навивачи на турскиот клуб го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин за време на реванш натпреварот во Истанбул против Динамо Киев во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Однесувањето на навивачите на Фенербахче во средата наиде на осуда на социјалните мрежи, а УЕФА одлучи да реагира.

– Нашите етички и дисциплински инспектори ќе спроведат дисциплинска истрага поради недоличното навивање на навивачите на Фенербахче – објави УЕФА.

Од Фенербахче се огласија преку соопштение, наведувајќи дека „некои“ навивачи не гo претставувале клубот, ниту неговите позиции или ставови, напоменувајќи дека клубот од Истанбул е против војната во Украина.

Share This Article