Јувентус, Барселона и Реал Мадрид би можеле да бидат исфрлени од Лигата на шампионите во сезоната 2023/24, доколку ги отфрлат санкциите на УЕФА поради Супер лигата.
Јувентус, Реал и Барселона и понатаму формално се вклучени во Супер лигата, која пред една година ја започнаа 12 елитни европски клубови, но пропадна за 48 часа.
Судот во Мадрид минатата недела и даде одврзани раце на УЕФА во казнувањето на овие клубови, пишува Gazzetta dello Sport.
Оттаму додаваат дека УЕФА засега нема да преземе ништо, а ново рочиште во Мадрид е закажано за 14 јуни.
Европскиот суд на правдата нема да одлучува за легитимноста на Супер лигата пред 2023 година.
Затоа Јувентус, Реал и Барселона не се соочуваат со ризик да испаднат во сезоната 2022/23, туку во онаа зад себе.