More

    УЕФА ќе ги санкционира клубовите и нивните градови кои ќе одбијат да примат гостински навивач

    spot_img

    Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе ги санкционира клубовите и нивните градови кои ќе одбијат да примат гостински навивачи.

    Ова предупредување од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, доаѓа откако вечерашниот реванш-натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони во Неапол меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт ќе се игра без германски навивачи поради забраната што ја воведоа локалните власти стравувајќи од можни инциденти.

    Во изјава за германските медиуми Чеферин рече дека оваа забрана е „лоша одлука“ и истакна оти би можело да се воведе правило клубовите да не играат во своите градови ако властите забранат доаѓање на гостински навивачи.

    Локалните власти во Неапол му забранија на Наполи да продава влезници за вечерашниот натпревар на лица со престојувалиште во Германија поради страв од нарушување на јавниот ред и мир. Откако судот, на барање на Ајнтрахт, ја поништи оваа одлука, беше изречена нова забрана која овој пат се однесува само за лица со живеалиште во Франкфурт.

    Чеферин оцени дека е неприфатливо „италијанските власти едноставно да одлучат за забрана за навивачи“ и додаде дека УЕФА ја поддржува жалбата на Ајнтрахт.

    Наполи има предност од 2-0 од првиот натпревар одигран во Франкфурт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img