Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, односно во текот на јуни

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, односно во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование.

По целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение. Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно Календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни, соопшти МОН.

Share This Article