More

    Ученици во тоалет лепеле списоци со закани

    spot_img

    СВР Тетово информира дека нивни службеници и претставници на соодветни служби извршиле разговор со двајца 11-годишни ученици, откако добиле пријава дека децата оставиле лист хартија во тоалет со напишани имиња на други ученици и напишани закани кон нив. Станува збор за ученици во основно училиште во градот.

    – Денеска (10 мај), во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

    Според информацијата од тетовската полиција известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img