Ученик од Лика се заканил со пиштол и со листа за отстрел

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ученик во основно училиште во Лика, во Хрватска, најавил дека во понеделник ќе дојде на училиште со огнено оружје и со список, објави ХРТ. Тоа го направил затоа што не бил задоволен од оценките.

Заканата која по многу нешта потсетува на страшниот масакр што го изврши лани 13-годишниот Коста Кецмановиќ во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, предизвика страв и паника меѓу учениците и нивните родители. Родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца. Од училиштето тврдат дека за случајот ги известиле надлежните и стручни служби и се пријавиле во полиција.

– Немаше да ви се јавиме да не бевме загрижени. Моето дете не сака да оди на училиште. Веќе се плаши, а сега уште повеќе се плаши дека некој ќе го убие – изјави мајка на еден ученик од Лика во изјавата за хрватските медиуми.

Директорката на училиштето соопшти дека бил извршен разговор со ученикот кој ја упатил заканата како и со неговите родители.

– Одделенскиот наставник писмено ги известил родителите дека се преземаат сите потребни активности, дека нема причина за загриженост и дека училиштето ќе продолжи да се грижи за безбедноста на учениците. Родителите на учениците од нашето училиште ќе бидат известени навремено за сите потребни информации – вели директорката на училиштето

Мајката на ученикот нагласува дека „тие се чувствуваат беспомошни бидејќи и претходно во училиштето во Лика имало вакви „неубави ситуации“.

„Очекувам општеството и надлежните повеќе да се ангажирааѕ и училиштето како училиште да посвети повеќе внимание околу заштитата на децата, бидејќи ова ги преминува сите граници на однесување, а сите молчиме, сите се прикриваме, а не знам зошто?“ – вели родител загрижен поради инцидентот.

Директорката најави дека ученикот кој ја упатил заканата, во понеделник нема да дојде во училиште и дека ќе одлучи што понатаму во консултација со стручните служби.

Share This Article