More

    Убиството во Стара чаршија дел од подземна војна со „традиција“

    spot_img

    Според неофицијалните информации што се појавија во медиумите, двајцата убиени во синоќешната престрелка во кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се  Јетон Кривањева, познат по прекарот Жила, и Енис Исени, наречен Љаци, велат познавачи на приликите во скопското подземје. Тоа кореспондира со иницијалите што ги соопшти полицијата информирајќи за убиството.

    Од МВР соопштија дека синоќа пред 20 часот во угостителски објект на ул.„Самоилова” во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28). Двајцата починале на самото место, а А.Т.(34) од Скопје бил ранет и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум“, со полесни рани на ногата и на раката. Напаѓачите потоа побегнале со возило „Ауди 6“ со лажна регистерска табличка, кое потоа го запалиле, бидејќи такво возило полицијата нашла на периферијата на Скопје.

    Двојното убиство во Старата скопска чаршија е продолжение на пресметките меѓу ривалските нарко групи во скопско – Беланоца од Ченто и Арачиното и нивни конкуренти од селото Грчец, а нивниот историјат е полн со убиства, пресметки и запалени возила, велат упатените.Прво убиство во оваа пресметка се случи во ноември 2013 година, кога на 46-годишна возраст беше убиен сопственикот на менувачница Џелал Ајети-Џељо во неговата чајџилница „Кај Џељо“, во скопско Ченто. Нападот врз него е сличен како вчерашниот, убиец маскиран во фантомка, со оружје влегол во чајџилницата и испукал најмалку 30 куршуми кон Џељо. Во септември 2018 година беше убиен и неговиот брат, Наим Ајети, пресретнат од возило на „Рузвелтова“ во Скопје и изрешетен.

    Следната, 2019 година следеше нова пресметка, кога пет лица со фантомки излегле од возило и отвориле оган кон ресторанот на хотелот „Александар Палас“, каде седеле ривали на „Беланоца“. Во инцидентот имало само еден повреден, бидејќи и тие возвратиле на нападот.

    Камер Идрези, едно од лицата кое тогаш било мета на напад во хотелот, беше убиен во 2021 година во Бутел. Во него било пукано додека се движел со својот автомобил.

    Сите досегашни пресметки се припишуваат на битка за превласт меѓу криминална група од скопски Грчец, која е во отворен судир со криминалната група „Беланоца“ од Ченто и Арачиново, велат познавачи на скопското подземје. Станува збор за борба за контрола на пазарот со наркотици, за одмазда или нерасчистени сметки меѓу членови на овие две групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img