Убил три жени на состанок на станари во Рим

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Три жени се убиени денеска во Рим, кога маж извадил пиштол и почнал да пука, за време на состанок на жители на станбен блок во градот, објавија италијанските медиуми.

Според извештаите, 57-годишен маж е приведен по пукањето што се случило во бар во населбата Фидене каде што се одржувал состанокот.
– Тој едноставно влезе во просторијата, ја затвори вратата и извика: „Сите ќе ве убијам”, а потоа почна да пука, изјави очевидец за италијанската новинска агенција Анса.

Во инцидентот се ранети уште четири лица, а најмалку еден од нив е со тешки повреди.

Според друг сведок, осомничениот е локален жител кој имал расправии со здружението на станари.

Share This Article