Најмалку двајца француски полицајци загинаа денеска, а тројца се ранети при напад на комбе што превезувало затвореник.
Неименуван полициски извор за AFP изјавил дека затвореникот избегал.
Се вели дека нападот се случил утринава на наплатна рампа во Инкарви во департманот Еур во северна Франција.
Затвореникот требало да биде префрлен од градот Руан во Евро во Нормандија.
Скај њуз пренесува извештаи од весникот Паризиен дека избеганиот затвореник по име Мухамед е познат по прекарот „Мува“ и е осуден за кражба.
Според информациите се наведува дека бил во затвор и за обид за убиство.