More

    Убиен командант на Исламски џихад во судири на Западниот Брег

    spot_img

    Израелски војници утрово го убиле командантот на палестинскиот исламски џихад во Тубас на окупираниот Западен Брег, јавија палестинските медиуми.

    Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека за време на конфликтот во тоа место и блискиот камп Фара загинале тројца Палестинци.

    Еден од убиените е идентификуван како 26-годишниот Мухамед Дарагмех, ко-основач на локалниот огранок на Исламскиот џихад во Тубас на северот на Западниот Брег.

    Военото крило на Исламскиот џихад потврди дека сите убиени се членови на таа екстремистичка организација, пренесе Асошиејтед прес.

    Министерството за здравство соопшти дека тие биле убиени од куршуми испукани во главата, градите и вратот.

    Насилството на Западниот Брег се интензивира по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа на 7 октомври.

    Оттогаш, повеќе од 400 Палестинци се убиени од израелски оган на Западниот Брег, повеќето од нив во судири што избувнаа за време на речиси секојдневните воени напади во потрага по осомничени екстремисти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img