Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.
Во инцидентот што се случил околу 1 часот по полноќ, убиен е Пали Кола (60), вработен во обезбедувањето на телевизиската куќа во Тирана.
Возило „Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.
Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи притоа сочувство до семејството на настраданиот.