Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена одржа серија успешни концерти пред многубројните фанови, а сега покажа како изгледа кога пушта музика за своја душа и што сака да слуша приватно.
Иако многумина би помислиле дека Брена претпочита фолк музика, пејачката со најновата објава на својот Инстаграм профил покажа дека одлично се забавува со американскиот рап.
Така Брена на социјалните мрежи објави видео од својот автомобил на кое се гледа како слуша странски хит и цело време потпевнува.
Сите знаеме дека таа е најголемата ѕвезда на поранешна Југославија, но со појавата на социјалните мрежи и популарноста на Инстаграм, дури сфативме дека пејачката приватно е прилично опуштена.