Убавата Бразилка го претвори вообичаеното туширање во секси шоу, сите погледи на плажата беа фиксирани само на неа!Бразилскиот супермодел Изабел Гуларт (37) го претвори своето патување на плажа во шоу за сите собрани, но и папараците, кои со причина ги следат нејзините стапки.
Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, која е позната и како една од најубавите жени на светот, снимена е како се тушира во минијатурни танга бикини, додека маѓепсно се грче, како да е на модно снимање.
Сите погледи на плажата беа вперени сама во неа, што се чинеше дека воопшто не и пречеше, а таа продолжи да ужива во типичните летни радости.
Гуларт е Бразилка по раѓање и израснала во предградијата на Сао Паоло со четири браќа и сестри, а честопати во интервјуата кажувала дека најтешката работа во нејзината кариера е да биде далеку од кујната на нејзината мајка и да не може да се дружи со семејството. Иако имала успешна кариера, Изабел немала лесно детство, а поради витката фигура и висината од 179 сантиметри често била исмејувана на училиште.
Нејзиниот фризер и предложил да оди во манекенските води кога имала 14 години. Таа се преселила во Сао Паоло за да продолжи со кариерата, што на крајот ја однело сè до далечната Франција. На 16 години се вратила во Бразил и потпишала за агенцијата Success.Таа носеше ревии на престижни брендови како Живанши, Оскар де ла Рента, Шанел, Ралф Лорен, Долче и Габана и Стела Макартни. Гуларт ги красеше и насловните страници на бројни светски списанија, а со години беше ангелот на Викторија. Бројни списанија ја прогласија за една од најубавите жени на светот.