Уапсениот основач на крипто-берзата FTX Сем Банкаман Фрид плати една од најголемите кауции во историјата на САД.
Неговите родители платиле 250 милиони долари за да може тој да го помине судењето во домот на неговите родители во Пало Алто, Калифорнија, во домашен притвор и да им го предаде пасошот на властите.
Судијата наредил и психијатриско лекување, имајќи предвид дека Сем Банкаман Фрид боледува од депресија и зема лекови.
Основачот на крипто-берзата претходно тврдеше дека на сметката на неговото богатство му останале само 100.000 долари.