More

    Уапсени синовите на славниот музичар кој е обвинет за сексуално малтретирање

    spot_img

    Федерални агенти во понеделникот извршиле рација во два имоти на музичарот Шон Диди Комбс (Паф Диди), во врска со истрагата за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишуваат американските медиуми.

    „Координирани рации беа спроведени во Лос Анџелес и Мајами од вооружени агенти на Министерството за домашна безбедност, со помош на локалните полициски сили“, изјавија извори за американскиот порта ТМЗ.

    Полициски извори изјавија за ТМЗ дека агентите се „среде рација на имотот на музичарот“, со присутни хеликоптери и локална полиција. Во куќата се и полицајците, кои испрашуваат голем број луѓе надвор од вилата не се знае дали е присутен Шон Комбс, односно Паф Диди. Претресени се и неговите домови во Мајами и на источниот брег.

    Телевизиската станица ФОКС11 објави снимка од претресот во Лос Анџелес, каде што се шпекулира дека со лисици на рацете може да се видат двајцата синови на раперот, Џастин Комбс (30) и Кинг Комбс (25).

     

    Извршувањето на налогот за претрес, издадено од американското државно правобранителство, се верува дека е поврзано со наводите што се појавија против 54-годишниот музичар во последните месеци, почнувајќи со тужбата поднесена во ноември од страна на неговата поранешна девојка, пејачката Каси Вентура, која ја обвини Паф Диди за долгогодишно сексуално и физичко малтретирање. Подоцна Паф Диди и Каси се спогодија за 100 милиони долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img