More

    Ким Кардашијан сѐ уште не ѝ се извинила на Кејт Мидлтон поради исмејувачката објава

    spot_img

    Старлетата Ким Кардашијан е под притисок да се извини и да ја отстрани својата објава за Кејт Мидлтон откако беше откриено дека принцезата се бори со ракот.

    Ријалити ѕвездата беше една од многуте јавни личности кои ја исмејуваа Кејт Мидлтон, бидејќи со месеци беше надвор од очите на јавноста.

    На 17 март Ким објави фотографија на која позира пред луксузен автомобил, облечена во кожни панталони и црн маица – топ.

    „На пат сум да ја најдам Кејт“, напиша старлетата покрај објавата.

     

    Откако Кејт објави емотивна видеопорака во која ја откри својата дијагноза, луѓето сега го преплавија делот за коментари под објавата на Ким, повикувајќи ја да ѝ се извини на принцезата.

    „Откако е објавена веста дека принцезата има рак, требаше да ја избришеш оваа објава. На принцезата ѝ должиш извинување“, „Треба веднаш да се извиниш“, „Никогаш не знаеш низ што поминува некој, не требаше да се шегуваш“, „Карма“, се само дел од коментарите.

    За разлика од неа, актерката Блејк Лајвли се извини за шегата на сметка на Кејт Мидлтон и ја избриша објавата. Меѓутоа, под нејзините други објави и фотографии не стивнуваат коментарите со осуда и критики поради лошиот гест кон принцезата од Велс.

    „Сигурна сум дека никому не му е грижа денеска, но чувствувам дека морам да проговорам за ова. Објавив глупава објава за „неуспешен фотошопот“ и поради таа објава денеска се чувствувам ужасно. Жал ми е. Испраќам љубов и добри желби на сите, секогаш“, напиша Блејк на социјалните мрежи.

    Потсетуваме дека минатата недела Блејк Лајвли се пошегува со ситуацијата на Кејт Мидлтон за да го промовира нејзиниот бренд за пијалаци.

    Таа ја објави очигледно лошо фотошопираната фотографија и покрај неа напиша: „Многу возбудена што споделувам нова фотографија којашто токму денеска ја снимив за да ги објавам нашите четири нови пијалаци. Сега знаете зошто исчезнав“. Блејк Лајвли не е единствената јавна личност која се пошегува на оваа тема, но таа е првата што се извини за тоа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img