Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија и Жандармеријата уапсиле девет лица од територијата на Врање, Прешево и Сурдулица поради криумчарење луѓе, а се трага по уште едно лице, соопшти МВР.
Како што се наведува, тоа лице се бара за сторено кривично дело илегално преминување на државната граница.
Уапсени се Н.Н., Д.Н. М.С., Б.М., А.Д.Ј., И.С., Н.М., С.М. и С.М. за кои се претпоставува дека од август до октомври организирале прием на 90 илегални мигранти на територијата на Србија и им овозможиле илегален транзит кон земјите од Европската унија.
За тоа наплаќале од 300 до 1.000 евра по група.