Браќата Урош и Милошш Паниќ, Урош и Милош, кои беа осомничени дека подведувале девојки во станови во Белград, се уапсени утрово на аеродромот во Белград. По нив беше распишана потерница од Вишиот суд во Белград по барање на Вишото јавно обвинителство кое ги истражува за трговија со луѓе, дознава српски Курир.
Според пишувањето на Курир, тие од Црна Гора заминале за Белград и веднаш биле спроведени во Централниот затвор, пренесува Мондо.
Ббраќата Паниќ се во бегство од почетокот на февруари, кога полицијата им го откри бизнисот. Тие избегале при претресот на еден од становите.
Никола Кељановиќ, попознат како „синот на Чале“, се огласи на социјалните мрежи по апсењето на браќата. Кељановиќ сподели кореспонденција со Урош Паниќ и откри што му кажал непосредно пред да слета во Белград. Кељановиќ на Инстаграм со натпис „Хахахаха“ сподели што му напишал Урош Паниќ пред да се качи на авионот кој летал од Тиват за Белград.
„Кељо, тоа е тоа.. Се гледаме, стар пријателе.. Додека го читаш ова, ние нема да бидеме тука, а пораката што ќе ја испратиш нема да биде отворена уште долго“, му напишал Урош на Кељановиќ и споделил слика од кафуле на која се гледаат пасош и авионска карта од Тиват за Белград.