More

    Уапсени косовски полицајци за повреди на Срби во полициска станица

    spot_img

    Полицискиот инспекторат на Косово синоќа пред полноќ соопшти дека се уапсени четворица припадници на косовската полиција кои претходно беа суспендирани бидејќи со огнено оружје повредиле Срби на северот на Косово.Претходно, Канцеларијата на Европската унија во Косово го осуди ранувањето на косовски Србин на контролниот пункт на косовската полиција на мостот Бистрица во општина Звечан.

    „ЕУ во Косово го осудува безбедносниот инцидент во кој косовски Србин беше ранет со огнено оружје во понеделникот вечерта во близина на контролниот пункт на косовската полиција на мостот Бистрица во општина Звечан. Сите релевантни правосудни институции сега треба да спроведат брза и темелна истрага и одговорните да ги изведат пред лицето на правдата“, се вели во соопштението на Канцеларијата на ЕУ на Твитер.

    Инцидентот претходно го осуди и американската амбасада во Косово.

    Косовската полиција во вторникот наутро најпрвин негираше вмешаност на полицијата во овој случај, а подоцна соопшти дека суспендирала четворица полицајци за кои постои сомневање дека се вмешани, меѓу кои и еден кој можеби пукал од огнено оружје.

    Ова ја загрижи американската амбасада во Косово, која повика на истрага.

    „Сите граѓани мора да веруваат во транспарентноста на службениците за спроведување на законот и судскиот сектор. Поддршката на САД на институциите на владеење на правото ја унапредува заедничката визија за демократска и мултиетничка држава“, изјави американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховенир.

    Според него, „сите одговорни за овие кривични дела мора да одговараат“.

    Во соопштението косовската полиција наведува дека согласно законските процедури го известила косовскиот полициски инспекторат и надлежното обвинителство за понатамошна кривична постапка.

    „Полицијата на Косово ќе продолжи да ги извршува службените дејствија во согласност со законските овластувања, ќе ја информира јавноста на фер и непристрасен начин, без разлика кој е вклучен во случајот и под кои околности, и нема да постапува поинаку, освен во во согласност со законите“, се додава во нејзината изјава.

    Од полицијата изјавија дека тесно ќе соработуваат со инспекторатот и обвинителството, за да се утврди одговорноста на полициските службеници кои не се придржуваат и не постапуваат според највисоките етички и професионални стандарди.

    Тогаш беше објавено дека се уапсени четворица суспендирани полицајци.

    Да потсетиме, Милан Јовановиќ од село Жеровница беше ранет прексиноќа од огнено оружје на мостот Бистрица, на главниот пат Митровица-Лепосавиќ.

    Косовската полиција прво негираше дека нејзини службеници биле вмешани во престрелката, а потоа соопшти дека во инцидентот учествувал и еден полицаец.

    Милан Јовановиќ, кој се наоѓа на лекување во болницата во Косовска Митровица, изјави дека не може да биде сигурен кој пукал во него, но не се верува дека освен војската и полицијата, во базата кај мостот Бистрица има некој друг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img