More

    Уапсен е сопственикот на фирмата за одржување на базенот

    spot_img

    Шестгодишно момче од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел во Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.

    Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакумот, а момчето починало.

    По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на детето е наредена обдукција.

    Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој е обвинет за тешко дело против општата безбедност.

    Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува српски Блиц.

    Екипата на порталот стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но вработените рекле дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img